/ Прочитано:

1.034

Прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец декември 2021 година

Погледнете ја најновата листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец декември 2021 година, заедно со табеларниот преглед.

На 1 декември стапуваат во примена одредби од Законот за управување со пакување и отпад од пакување во врска со забраната за пластични кеси. На 31 декември стапуваат во примена и одредби од Законот за платниот промет.

На 22 декември пресатнува да важи Законот за регистрација на возила со странски регистарски таблици на територијата на Република Северна Македонија, додека пак, на 31 декември престануваат да важат одредби од Законот за данокот на додадена вредност и одредби од Законот за финансирање на единиците на локалната самопурава.

На 31 декември, исто така, престанува да важи Одлуката за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките, како и одредби од Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за документите што ги доставува издавачот на хартии од вредност при подесување на барањето за одобрение на јавна понуда на хартии од вредност.

Детален табеларен преглед