/ Прочитано:

1.209

Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец  јули 2019 година

Погледнете ја најновата листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец јули 2019 година, заедно со табеларниот преглед.

На 1 јули стапуваат во примена одредби од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување кои се однесуваат на физичките лица кои се регистрирани како вршители на самостојна дејност за трговија на мало на тезги и пазари, како и одредбите во врска со правото на посебен додаток на децата со пречки во развојот и со специфични потреби.

На 15 јули стапува во примена Законот за акцизите. Со Законот за акцизите се уредуваат акцизите за добрата подлежни на акциза во поглед на начинот на настанување, пресметување и плаќање на акцизите на акцизното подрачје на Република Македонија, правата и обврските на акцизните обврзници и надлежниот царински орган во врска со акцизните добра, вклучувајќи ја постапката за надзор и следење на движењето на акцизните добра. Одредбите од овој закон, со кои се уредуваат постапките на производство, преработка, складирање и движење на акцизните добра во услови на акцизно одложување, не се применуваат за акцизните добра кои во согласност со царинските прописи се ставени во посебни постапки.

Од подзаконските акти, на 1 јули стапуваат во примена Упатството за изменување на Упатството за спроведување на Одлуката за содржината и начинот на функционирање на Кредитниот регистар, потоа Упатството за спроведување на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик, Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик, како и Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик од страна на Македонската банка за поддршка на развојот.

Во месец јули престануваат да важат и повеќе прописи кои се посочени во целосниот преглад на прописите  чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец јули 2019.

М.В