/ Прочитано:

1.626

Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец август 2019 година

Погледнете ја најновата листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец август 2019 година, заедно со табеларниот преглед на одредбите од прописите што престануваат да важат.

На 7 август стапуваат во примена одредби од Законот за превоз во патниот сообраќај кои се однесуваат на регистарската таблица на такси возилата. На 25 август стапуваат во примена одредби од Законот за данокот на додадена вредност и од Законот за финансиска дисциплина.

Одредбите од Законот за данокот на додадена вредност кои стапуваат во примена се однесуваат на повластената даночна стапка, додека пак одредбите од Законот за финансиска дисциплина се однесуваат на повеќе прашања од областа на финансиската дисциплина, меѓу кои дефинирањето на казнената камата, начелото на чесност, надлежностите на Државниот пазарен инспекторат итн.

На 29 август стапуваат во примена Законот за Централен регистар на население и Законот за електронско управување и електронски услуги. Воедно, на 29 август престанува да важи Законот за електронско управување.

Со Законот за Централен регистар на население се уредуваат правата, обврските и одговорностите на органите на државната управа, единиците на локалната самоуправа и другите државни органи основани согласно со Уставот и со закон, судовите, јавните обвинителства, државното правобранителство, правни и други лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, правни лица кои даваат и обезбедуваат услуги од јавен интерес, односно субјекти од областа на образованието, здравството, социјалната и детската заштита, финансиите, банкарството, осигурувањето, енергетиката, водоснабдувањето, електронските комуникации, поштенските услуги и комуналните услуги, кои се однесуваат на Централниот регистар на население, структурата и содржината на Централниот регистар на население, условите за негово користење, размената на податоци помеѓу надлежните органи и другите субјекти, како и правата и обврските на населението во Република Северна Македонија.

Со Законот за електронско управување и електронски услуги се уредува работата на органите на државната управа и единиците на локалната самоуправа, при размена на податоци и документи во електронска форма, односно остварување на електронски услуги, кога тоа е утврдено со закон.

На 1 август стапува во примена Правилникот за начинот, правилата и посебните услови за вршење на надзор, како и посебните услови кои треба да ги исполнува лице за да врши надзор на давањето на услуги на воздухопловна навигација…Целосен табеларен приказ на прописите чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец мај 2019 година.