/ Прочитано:

1.675

Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец јуни 2019 година

Погледнете ја најновата листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец јуни 2019 година, заедно со табеларниот преглед на одредбите од прописите што престануваат да важат.

На 1 јуни стапуваат во примена одредбите од Законот за Владата на Република Македонија и од Законот за организација и работа на органите на државната управа кои се однесуваат на основањето Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

На 1 јуни стапуваат во примена и одредбите од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, а во врска со практикантската работа, усогласувањето на пензијата, осигурениците од Агенција за разузнавање и Оперативно-техничка агенција и службениците во Фондот.

На 5 јуни започнува да се применува Законот за странци. На истиот датум престанува да важи постојниот Закон за странците. Со новиот Закон за странци се уредуваат условите за влез, излез, напуштање, престој, враќање на странците со незаконски престој, како и правата и должностите на странците во Република Македонија.

Од подазконските акти, на 1 јуни стапуваат во примена Правилникот за начинот на пополнување на царинската декларација и Кодексот на шифри кои се употребуваат при пополнување на царинската декларација,  потоа Правилникот за содржината и видот на податоците кои нотарите, банките, давателите на услуги на парични дознаки (брз трансфер на пари), осигурителните друштва кои вршат работи на осигурување на живот, правните лица чија дејност е купопродажба на возила, приредувачите на игри на среќа во играчница (казино) и другите приредувачи на игри на среќа ги доставуваат до Управата за финансиско разузнавање и начинот на нивно електронско доставување, како и Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло… Целосната листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец јуни 2019