/ Прочитано:

1.102

Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец јуни 2022 година

На 11.06.2022 година започнува да се применува новиот Закон за лобирање („Службен весник на РСМ“ бр. 122/2021), со кој престанува да важи Законот за лобирање („Службен весник на РМ“ бр. 106/2008 и 135/2011).

На 11.06.2022 година, исто така, започнуваат да се применуваат 5-те правилници донесени врз основа на Законот за лобирање:
– Правилник за формата и содржината на образецот на пријавата и изјавите за запишување во Регистарот на лобисти, лоби организации и лобирање;
– Правилник за формата и содржината на образецот за извештајот за активности на лобирање;
– Правилник за формата и начинот на водење на Регистарот на лобисти, лоби организации и лобирање;
– Правилник за формата и содржината на образецот за записникот од остварен контакт со цел лобирање; и
– Правилник за формата и содржината на прекршочниот платен налог.

Деталната листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец јуни 2022 година погледнете ја на следниот линк  Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец јуни 2022 година