/ Прочитано:

1.500

Прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец  јуни 2020 година

Погледнете ја најновата листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец јуни 2020 година, заедно со табеларниот преглед.

На 1 јуни стапуваат во примена одредби од Законот за административни службеници во врска со распоредувањето на работно место помлад соработник. На 30 јуни стапуваат во примена одредби од Законот за Советот на јавни обвинители на Република Македонија, односно стапува во примена целиот Закон за изменување и дополнување 42/2020.
На 1 јуни стапуваат во примена одредби од Правилникот за формата и содржината на обрасците на сообраќајната дозвола и на потврдата за пробно возење, како и начинот и постапката за нивно издавање, како и одредби од Правилникот за формата и содржината на обрасците на барањата за издавање на меѓународната возачка дозвола и одобрение за управување со туѓо моторно возило во странство, како и формата и содржината на образецот на меѓународната возачка дозвола и одобрението за управување со туѓо моторно возило во странство.

Во месец јуни нема прописи чиишто одредби престануваат да важат.

Најновата листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец јуни 2020 година 2020