Погледнете ја најновата листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец мај 2021 година.
На 6 мај стапува во примена Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. Со овој закон се уредува постапувањето на институциите со должно внимание при преземањето на мерки за превенција од родовобазирано насилство врз жените и семејното насилство, постапувањето на институциите за заштита на жените од родовобазирано насилство и семејното насилство, меѓусебната координација на институциите и организациите, услугите за заштита на жртвите и собирањето на податоци за родовобазирано насилство врз жените и семејното насилство.
На 6 мај престанува да важи Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство.
На 16 мај стапуваат во примена одредби од Законот за високото образование во врска со општите услови за избор во наставно-научни звања, а на 29 мај стапуваат во примена одредби од Законот за извршување на санкциите во врска со условите за избор на директор на Управата.