Правен лексикон: IUS TOLLENDI
IUS TOLLENDI – право на владетелот на една ствар (совесен и несовесен) да го одвои и да го задржи за себе она што претставува зголемување на вредноста на стварта, ако со одвојувањето не би била повредена супстанцијата на стварта и ако сопственикот не му понуди да ја исплати вредноста на она што владетелот има намера да го одвои.
Ова право е регулирано и со Законот за сопственост и други стварни права во делот на сопственичката служба, кога лицето што го изгубило спорот треба да му ја врати стварта на сопственикот и во тој случај со тие прописи се регулира кои работи може да ги однесе совесниот, а кои несовесниот држател, односно на кои работи што ги вложил во стварта може да бара надомест. Слични одредби содржи и и ЗОО во одделот за работоводство без налог.
Правен лексикон: DA MIHI FACTUM DABO TIBI IUS
Правен лексикон: DONANDI CAUSA
Правен лексикон: TITULUS ACQUIRENDI