/ Прочитано:

3.246

Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец мај 2021 година

Погледнете ја најновата  листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец мај 2021 година.

На 6 мај стапува во примена Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. Со овој закон се уредува постапувањето на институциите со должно внимание при преземањето на мерки за превенција од родовобазирано насилство врз жените и семејното насилство, постапувањето на институциите за заштита на жените од родовобазирано насилство и семејното насилство, меѓусебната координација на институциите и организациите, услугите за заштита на жртвите и собирањето на податоци за родовобазирано насилство врз жените и семејното насилство.

На 6 мај престанува да важи Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство.

На 16 мај стапуваат во примена одредби од Законот за високото образование во врска со општите услови за избор во наставно-научни звања, а на 29 мај стапуваат во примена одредби од Законот за извршување на санкциите во врска со условите за избор на директор на Управата.