Погледнете ја најновата листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец октомври 2019 година, заедно со табеларниот преглед.
На 1 октомври стапува во примена новиот Закон за бесплатна правна помош. Со овој закон се уредуваат општите правила за обезбедување на бесплатната правна помош, видовите, опсегот на бесплатната правна помош, давателите и корисниците на бесплатната правна помош, нивните обврски и одговорности, постапката во која се остварува правото на бесплатна правна помош, финансирањето, наградата и надоместокот на трошоците за дадената бесплатна правна помош, бесплатна правна помош во прекугранични спорови, транспарентност и отчетност во давањето бесплатна правна помош, посебните постапки за правна помош, надзорот над примената на овој закон и други прашања кои се однесуваат на бесплатната правна помош.
На 1 октомври, исто така, стапуваат во примена одредби од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кои се однесуваат на образецот за возачката книшка.
Од подзаконските акти, на 1 октомври стапува во примена Правилникот за начинот, правилата и посебните услови за вршење на надзор и посебните услови кои треба да ги исполнува лице за да врши надзор на јавен воздушен превоз, потоа Правилникот за начинот на вршење на јавен воздушен превоз, како и посебните услови во однос на потребниот персонал, воздухопловите, опремата и другите посебни услови неопходни за безбедно и уредно работење, формата, содржината, начинот на издавање, промена и евиденција на уверенијата за работа и за исполнување на безбедносните услови за вршење на јавен воздушен превоз, критериумите и постапката за одобрување на договори за закуп, односно лизинг на воздухоплови и Правилникот за изменување на Правилникот за начинот, правилата и посебните услови за вршење на надзор и посебните услови кои треба да ги исполнува лице за да врши инспекциски работи на воздухоплови, нивна градба, одржување и пловидбености.
Исто така, на 1 октомври стапува во примена Правилникот за начинот на вршење на јавен воздушен превоз, како и посебните услови во однос на потребниот персонал, воздухопловите, опремата и другите посебни услови неопходни за безбедно и уредно работење, формата, содржината, начинот на издавање, промена и евиденција на уверенијата за работа и за исполнување на безбедносните услови за вршење на јавен воздушен превоз, критериумите и постапката за одобрување на договори за закуп, односно лизинг на воздухоплови и Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за агенти на пензиски друштва, како и повеќе други одредби од правилници кои може да се погледнат на Целосната листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец октомври 2019 година.