Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец септември 2019 година
Погледнете ја најновата листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец септември 2019 година, заедно со табеларниот преглед на одредбите од прописите што престануваат да важат.
На 1 септември стапува во примена Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во Република Северна Македонија.
На 1 септември, исто така, стапува во примена Законот за Агенцијата за национална безбедност. Со овој закон се уредуваат основањето, целта, надлежноста, раководењето и внатрешната организација на Агенцијата за национална безбедност, начинот на работа на Агенцијата за национална безбедност, условите и постапката за спроведување на мерките за тајно собирање на податоци и информации, евиденцијата на податоци и информации и нивното користење, контролата и надзорот на Агенцијата за национална безбедност, меѓународната соработка, финансирањето, транспарентноста на работењето на Агенцијата за национална безбедност, како и правата и обврските на работниците на Агенцијата за национална безбедност на Република Северна Македонија.
На 1 септември стапува во примена и Законот за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование. Со овој закон се уредува основањето и вршењето на дејноста на високообразовните установи на кои се стекнуваат квалификации за вршење на професијата наставник во предучилишното воспитание, основното и средното образование на територијата на Република Македонија.
На 1 септември стапуваат во примена одредби од Законот за основното образование, одредби од Законот за следење на комуникациите, одредби од Законот за странци и одредби од Законот за внатрешни работи.
На 1 септември стапуваат во примена Календарот за организација и работа на основните училишта во учебната 2019/2020, Календарот за организација на учебната 2019/2020 во јавните средни училишта и Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата на Република Северна Македонија, министерствата и другите органи на државната управа, Правилникот за барањата за условите и хигиена за производство и ставање во промет на храната од животинско потекло наменета за директно снабдување, локализирана активност, во географски или економски ограничувања, како и општите и посебните барања за примена на традиционални методи на производство, преработка и дистрибуција на храна со традиционални карактеристики… Целосната листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец септември 2019 година.