На 1 септември стапуваат во примена одредби од Законот за пожарникарството и Законот за спортот. На 15 септември стапуваат во примена одредби од Законот за високото образование, Законот за студентскиот стандард и Законот за ревизија.
Од подзаконските прописи, на 1 септември стапуваат во примена Календарот за организација на учебната 2017/2018 година во јавните средни училишта, Календарот за организација на учебната 2017/2018 година во основните училишта и Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата на Република Македонија, министерствата и другите органи на државната управа, а на 14 септември престанува да важи Уредбата за униформата и ознаките на униформата на Полицијата.