/ Прочитано:

1.563

Прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец декември 2020 година

Погледнете ја најновата листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец декември 2020 година, заедно со табеларниот преглед.

На 26 декември стапуваат во примена одредби од Законот за концесии и јавно приватно партнерство. Одредбите од законот кои стапуваат во примена се однесуваат на можноста за склучување на анекс на договор на концесија.

Од подзаконските акти, на 5 декември стапуваат во примена одредби од Правилникот за начинот, постапката и документацијата потребна за добивање согласности.

На 31 декември целосно престанува да важи Законот за прекршоците, а на истиот ден, 31 декември, престануваат да важат одредби од Законот за поштенските услуги. Одредбите се однесуваат на ексклузивното право на давателот на универзалната услуга да обезбедува резервирани поштенски услуги.

Табеларен преглед