Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец јануари 2021 година
Погледнете ја најновата листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец јануари 2021 година, заедно со табеларниот преглед.
На 1 јануари стапуваат во примена одредби од: Законот за прекршоците, Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Законот за акцизите, Законот за данокот на додадена вредност, Законот за данокот на добивка, Законот за данокот на личен доход, Законот за социјалната заштита, Законот за Собранието на Република Македонија и од Законот за регистрација на возила со странски регистарски таблици на територијата на Република Северна Македонија.
Исто така, на 1 јануари стапуваат во примена одредби од повеќе подзаконски акти, меѓу кои Уредбата за методологија за утврдување на критериуми за распределба на блок-дотации за основното образование по општини за 2021 година (целата уредба), Уредбата за методологија за утврдување на критериуми за распределба на наменски дотации за основното образование по општини за 2021 година (целата уредба), Уредбата за методологијата за утврдување на критериумите за распределба на блок-дотации за јавните установи за деца – детски градинки и централизиран детски развој во состав на јавни детски градинки по општини за 2021 година (целата уредба)… .Целосната листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец јануари 2021