/ Прочитано:

1.756

Прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец февруари 2021 година

Погледнете ја најновата  листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец февруари 2021 година.

Во месец февруари стапуваат во примена 3 подзаконски акти. На 1 февруари започнува да се применува Одлуката за укинување на увозните давачки – царинските стапки на одделни суровини и репроматеријали кои се употребуваат во преработувачката индустрија. Исто така, на 1 февруари започнува да се применува Правилникот за задолжителна содржина, форма и рокови за доставување на извештаите за работењето на овластените учесници, берзи и депозитари. Правилникот започнува да се применува за брокерските куќи и овластените банки. На 14 февруари започнуваат да се применуваат одредби од  Правилникот за летачки операции кои се однесуваат на ЕУ-регулативата.