/ Прочитано:

8.910

Правен лексикон: AB INITIO

AB INITIO (ОД ПОЧЕТОКОТ) е термин кој се употребува обично со него да се означи ништовноста, т.е. дека еден акт уште од почетокот до таа мера бил ништовен што единствена правна последица е тоа тој да се огласи за ништовен или пак да се поништи зависно од тоа за каков акт се работи и од кое подрачје на правото потекнува.

На пример, кај ништовните договори, секој орган ја зема предвид ништовноста по службена должност и на неа може да се повикува секое лице кое има правен интерес. Доколку се работи пак за правен акт што е донесен од страна на некој орган, на пример, во управната постапка, тој акт се поништува од страна на надлежен орган.

Во таков случај, таквиот акт не пораѓа правни последици, т.е. уште од почетокот се поништуваат сите последици што тој ги произвел и се воспоставува состојба која постоела уште пред донесувањето на таквиот ништовен акт.

 

Извор:  проф. д-р Кирил Чавдар „Правен лексикон на трговското и граѓанското право“, во издание на Академик

M.В