Погледнете ја најновата листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец февруари 2021 година.
Во месец февруари стапуваат во примена 3 подзаконски акти. На 1 февруари започнува да се применува Одлуката за укинување на увозните давачки – царинските стапки на одделни суровини и репроматеријали кои се употребуваат во преработувачката индустрија. Исто така, на 1 февруари започнува да се применува Правилникот за задолжителна содржина, форма и рокови за доставување на извештаите за работењето на овластените учесници, берзи и депозитари. Правилникот започнува да се применува за брокерските куќи и овластените банки. На 14 февруари започнуваат да се применуваат одредби од Правилникот за летачки операции кои се однесуваат на ЕУ-регулативата.