Погледнете ја најновата листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец март 2021 година, заедно со табеларниот преглед.
На 1 март стапуваат во примена одредби од Законот за сигурност во железничкиот систем, а на 31 март стапуваат во примена одредби од Законот за даночна постапка.
Во листата на прописи го нема Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2011, 54/2011, 155/2012, 53/2013, 72/2013, 44/2014, 115/2014, 199/2014, 124/2015, 129/2015, 217/2015, 31/2016 и 190/2017), кој престанува да важи на 4 март 2021 година, од причина што во Собранието на РСМ се предложени законски измени за продолжување на рокот.
Од подзаконските акти на 1 март стапуваат во примена Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за определување на задолжителната структура и начинот на пресметка на основната главнина на депозитар и на средствата што ја сочинуваат основната главнина на депозитар и Правилникот за задолжителна содржина, форма и рокови за доставување на извештаите за работењето на овластените учесници, берзи и депозитари.