/ Прочитано:

1.114

Прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец март 2021 година

Погледнете ја најновата листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец март 2021 година, заедно со табеларниот преглед.

На 1 март стапуваат во примена одредби од Законот за сигурност во железничкиот систем, а на 31 март стапуваат во примена одредби од Законот за даночна постапка.

Во листата на прописи го нема Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2011, 54/2011, 155/2012, 53/2013, 72/2013, 44/2014, 115/2014, 199/2014, 124/2015, 129/2015, 217/2015, 31/2016 и 190/2017), кој престанува да важи на 4 март 2021 година, од причина што во Собранието на РСМ се предложени законски измени за продолжување на рокот.

Од подзаконските акти на 1 март стапуваат во примена Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за определување на задолжителната структура и начинот на пресметка на основната главнина на депозитар и на средствата што ја сочинуваат основната главнина на депозитар и Правилникот за задолжителна содржина, форма и рокови за доставување на извештаите за работењето на овластените учесници, берзи и депозитари.

Табеларен преглед на најновата листа на прописи