/ Прочитано:

8.887

Правен лексикон: DONANDI CAUSA

DONANDI CAUSA – е основа (причина) поради која едно лице се определува да му даде на некое друго лице корист, или да му пренесе некое граѓанско право без надомест. Најчесто, donadi causa е присутна кај договорот за дар. Меѓутоа, може да се јави и кај бесплатната цесија, кај простувањето на долгот, кај откажувањето од некое стварно право врз туѓа ствар, да се откаже од наследството во корист на друго лице и сл. Мотивот за ваквото пренесување на користа може да биде благодарност, внимание, да се даде помош итн. Договорот без надомест нема правно дејство кога недозволената побуда суштествено влијаела врз одлуката да се склучи таков договор. Кај бесплатната цесија цендентот не одговара за наплатливоста на побарувањето, а кај договорот за дар дародавачот не одговара за материјалните и правните недостатоци на подарената ствар.

Правен лексикон: TITULUS ACQUIRENDI

Правен лексикон: AB INITIO