/ Прочитано:

8.761

Правен лексикон: TITULUS ACQUIRENDI

TITULUS ACQUIRENDI е исто што и iustus titulus и означува основа на стекнувањето. На пример, кај договорот за купопродажба самиот договор не го префрлува правото, туку претставува правна основа на стекнувањето, а за да се стекне правото на сопственост врз стварта што е предмет на договорот за купопродажба, треба кон правната основа на стекнувањето да се придружи и начинот на стекнувањето (modus acquirendi), т. е. на одреден начин да се изврши продавањето на стварта. Тоа продавање може да биде реално, а може да биде и симболично итн., а кај недвижностите модусот на стекнувањето е запишувањето во земјишните книги, со кое од дотогашниот носител на правото на сопственост врз една недвижност правото се пренесува врз с т е к н у в а ч о т, т. е. во земјишните книги се запишува името на стекнувачот.

Во правната практика поимот titulus acquirendi поретко се употребува, а нaместо тоа почесто се употребува iustus titulus.

Правен лексикон: AB INITIO