/ Прочитано:

833

Државeн завод за статистика: Просечната нето плата исплатена во ноември 2012 година изнесува 20.857 денари

Среда, 30 јануари 2013 – Просечната нето-плата, исплатена во ноември минатата година, изнесува 20.857 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во ноември 2012 година во однос на ноември 2011 година, изнесува 100.1.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (13.8%), Други услужни дејности (5.2%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (3.8%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (8.2%), Рударство и вадење на камен (5.9%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (4.0%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен за ноември 2012 изнесува 20 857 денари. Истиот месец, 2.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.