/ Прочитано:

842

Проверете дали Ве има во Избирачкиот список! Увидот трае до полноќ

Петок, 7 март 2014 – До полноќ трае увидот во избирачкиот список за претстојните претседателски избори, што ќе се одржат на 13 април. Македонците кои се на привремена работа и престој во странство до полноќ можат по електронска пошта да поднесат барање за запишување, дополнување или бришење на податоците од посебните изводи од Избирачкиот список.

Увидот во избирачкиот список завршува денеска на полноќ. До сега над 200 000 илјади гласачи го оствариле своето право и извршиле увид. Дел од нив  по електронски пат, а дел лично во подрачните единици на Државната изборна комисија (ДИК). Освен јавниот увид, дали се на списокот гласачи, биле проверени околу 90 илјади граѓани кои деновиве го дадоа својот потпис за да изберат свој претседателски кандидат.  

До ДИК се испратени и над  2.000 барања од дијаспората. Најмногу  од нив се државјани на Македонија кои живеат или  престојуваат  во европските земји. Избирачкиот список на политичките партии треба да им биде доставен до 12 март. ДИК го заклучува  списокот најдоцна до 22 март. Претседателските избори се закажани  за 13 април, а на вториот круг од изборите на 27 април ќе се избираат пратеници за нови парламентарен состав.

>>  За да проверите дали сте на Избирачкиот список кој е доставен од страна на Државниот завод за статистика, кликнете тука.