/ Прочитано:

734

Путин — кандидат за нобелова награда за мир за 2014!

Среда, 5 март 2014 – Рускиот претседател Владимир Путин е кандидиран за Нобелова награда за мир за 2014 година – но конфликтот во Украина исто така најверојатно ќе биде на агендата за дебата на Нобеловиот комитет. 

За овогодинашната награда се номинирани рекорден број кандидати, меѓу 278 поединци и организации се наоѓаат и папата Францис и поранешниот службеник на американската национална агенција за безбедност Едвард Сноуден кој на светот објави дека оваа служба прислушкува и следи телефонски разговори и пошта на милиони луѓе во светот.

Скратената листа на кандидати ќе биде направена до крајот на мај, гласањето за добитник ќе се одржи во октомври, а доделувањето на наградата ќе биде во декември.