/ Прочитано:

875

Работилница на тема: Заштита на жртви и сведоци

Четврток, 7 ноември 2013 – Работилницата на тема „Заштита на жртви и сведоци“ во организација на Академијата за судии и јавни обвинители во соработка и со финансиска поддршка на Инструментот за техничка помош и размена на Информации TAIEX, ќе се оддржи на 5  и 6 декември 2013 година (четврток и петок) во Скопје.

На советувањето е предвидено да учествуваат судии од кривичните оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја, адвокати и претставници од Министерството за внатрешни работи.

„За учесниците кои доаѓаат надвор од Скопје на далечина поголема од 100 км, коорганизаторот може да обезбеди ноќевање на 04 и 05 Декември 2013 или само на 05 Декември 2013 година, но потребно е учесникот тоа да го побара при пријавување за учество на обуката. Сите адвокати кои се заинтересирани да земат активно учество на ова советување, задолжително да се пријават во Адвокатска комора на Република Македонија на е-маил. lawyermk@mba.org.mk, најдоцна до 15 ноември 2013 година“, известуваат од АКРМ.