/ Прочитано:

883

Разбиена меѓународна криминална група која организирала сексуално малтретирање на деца

Четврток, 16 јануари 2014 – Службите на Британија, САД и Австрија успеаа да ја растурат организираната криминална група која во живо емитуваше сексуална злоупотреба на дете со потекло од Филипини, пренесе „Макфакс“.

Британската Национална агенција за борба против криминал објави дека заедничката истрага на властите од трите земји завршила со разбивање на оваа група, акција која се одвивала на териториите на 12 држави при што биле уапсени 29 лица кои плаќале да го гледаат сексуално малтретирање, пренесуваат странските медиуми.

Во соопштението се наведува дека криминалната група организирала сексуална злоупотреба на деца што се пренесувала во живо пред веб камера.

Во некои од случаите утврдено е дека и членови на семејствата на децата биле вмешани и го договарале ваквиот криминал за одредена сума пари.

 Истрагата почнала при рутинска контрола на регистриран сексуален престапник ви Британија во 2012 година и при тоа биле спасени од злоупотреба 15 деца на возраст од шест до 15 години