/ Прочитано:

2.264

РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА И ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ: Академик одржа обука за јавни набавки, наменета за договорни органи и економски оператори

Вторник, 19 мај 2015 – Академик одржа обука за јавните набавки, наменета за договорни органи, во врска со практичната примена на одредбите од Законот за јавните набавки и за совладување на реалните проблеми околу добивањето согласности од Советот за јавни набавки. Преку размена на искуства и практични примери, на обуката се дадоа конкретни одговори на сите прашања во однос на  тематиката на обуката, а учесниците истакнаа дека одличните предавања за нив ќе бидат од голема корист во практиката.

На обуката се разгледаа прашањата за подготовката на технички спецификации за набавка на стоки, за дефинирањето на критериуми за способност, за електронскиот систем на јавни набавки и за искуствата и работењето на Државната комисија за жалби по јавни набавки. Предавачи на обуката беа реномираните експерти во својата област:

Татјана Пешевска, дипл. економист – раководител на внатрешна ревизија при АД МЕПСО Скопје, Ирена Стоименова, дипл. економист – советник за комерцијални работи во АД ЕЛЕМ и Маја Малахова, м-р по правни науки, претседател на Државната комисија за јавни набавки.

„Благодарност до сите активни слушатели на денешната обука кои со своите прашања ја збогатија содржината на работилницата“, истакнуваат предавачките, нагласувајќи дека одличната интерактивна дебата и активната вклученост на учесниците е она што ѝ дало посебен квалитет на обуката .

„За совладување на реалните проблеми околу добивањето согласности од Советот за јавни набавки, подготвивме обука – работилница со многу практични примери за подготовка на техничките спецификации и критериумите за способност, сè со цел добивање согласност од Советот за ЈН. Објаснувањето за новините и практичното решавање на проблемите околу ЕСЈН, како и правилното постапување во жалбените постапки исто така со практични примери, ќе бидат од полза за сите заинтересирани слушатели на оваа работилница“, вели предавачката на обуката, Тања Пешевска.

Учесниците на обуката се согласни дека квалитетот на предавањата и самиот однос на предавачките кон нивните барања за дополнително знаење, информации и појаснувања резултирале со успешно заокружена обука, што е, како што велат, дополнителен мотив да се присуствува повторно.

„Навистина мошне корисна обука. Предавачките се извонредни, како и секојпат. Доаѓаме на обуките на Академик и посебно овие три предавачки се истакнуваат во своите познавања. Добивме многу корисни информации“, вели Жаклина Стојановска од  ФОД „Новаци“ ДОЕЛ.

„Обуката помина одлично, со одлични предавачки и со одлична организација. Многу од работите што ги слушнавме ќе имаат примена во нашето работење“, ЈКП „Погребални услуги“ – Свети Николе.

„Овие прашања што се дискутираа мора да бидат образложени на ваков начин, како што беа образложени на обуката. Едукацијата во овој поглед е многу значајна и таа треба да биде континуирана“, вели Маја Атанасовска од ЈКП „Илинден“ – Илинден.

„Прекрасна обука, понесуваме убави впечатоци, но и знаења. Предавачките беа одлични“, вели Елизабета Цветковска од ЈКП „Водовод“ – Илинден.

„Да, би рекле дека оваа обука има квалитет и убава концепција. Се разјаснија многу аспекти на техничките спецификации и на критериумите за способност сè со цел добивање согласност од Советот за ЈН“, велат Костадин Михајлоски, Снежана Јанческа, Кети Јанакиевска и Билјана Пејовска од „Македонски шуми“.

„Добра обука, практична со многу информации. Од голема корист за праксата и применета на регулативата и искуствата во одвој дел“, вели  Ајсел Мустафи Авзиу од Министерството за правда.

„Одлични предавачки! За обуките е многу важно да имаат такви предавачки затоа што тие ја даваат и смислата на тоа да се дознае повеќе!“, вели Станислава Соколовска ЈЗО Клиника за торакална хирургија.

„Презадоволни сме од обуката. Многу јасно, концизно, елоквентно се разјаснија работите на предавањата. За поздрав е тоа и што има многу динамичен интерактивен пристап, па може да се праша и да се дознае повеќе. Предавачките навистина знаат како да ги објаснат работите. Тоа е многу битно за ваква материја, каде што е потребно пренесување и на практични искуства“, вели Анка Василевска од Државниот архив на РМ.

„Има што да се разбере на овие обуки. Многу се корисни за практиката. Впечатоците и од оваа обука ни се убави. Многу стручно се дискутираше. Одлична обука и одлична организација“, вели Радица Василевска од Машински факултет.

„Драго ни е што за вакви прашања можеме да слушнеме квалитетни предавања. Предавања кои за нас не само што значат апсолвирање на информации, туку и можност да стекнеме знаење од практична, но и теоретска гледна точка преку убаво осмислени и формулирани дискусии“,  велат  Адела Малиманова и Билјана Балчева од СГСУ „Арсени Јовков“.