/ Прочитано:

834

Регионална конференција: Правната рамка не е доволна за да се гарантираат плурализмот и независноста на медиумите

Според директорот на Агенцијата на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), Зоран Трајчевски, за да се гарантираат плурализмот и независноста на медиумите не е доволна само соодветна правна рамка. Тој смета дека, пред сè,треба да се работи и да се инвестира и во човечки ресурси, а особено, како што рече, треба да се вложува во градењето на професионалниот капацитет на медиумските работници и во развојот на професионалните асоцијации.

Претставниците на регулаторните тела за медиуми од Македонија, Бугарија, Косово, Србија, Црна Гора, Хрватска и Словенија на денешната регионална конференција по повод 20 години од постоењето на Агенцијата на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) споделија искуства од областите како што се плурализмот, професионалните стандарди во новинарството и медиумската писменост. Тие оценуваат дека регулаторните тела за медиуми од регионот сè уште се гледаат како да се коментатори на политичките и медиумските случувања, како и тоа дека  независноста на медиумите не зависи само од регулаторот, туку и од самите медиуми.

Според директорот на Агенцијата на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), Зоран Трајчевски, за да се гарантираат плурализмот и независноста на медиумите не е доволна само соодветна правна рамка. Тој смета дека, пред сè,треба да се работи и да се инвестира и во човечки ресурси, а особено, како што рече, треба да се вложува во градењето на професионалниот капацитет на медиумските работници и во развојот на професионалните асоцијации.

Претставничката од Црна Гора, Елвира Цековиќ, истакна дека еден од главните мотиви на агенциите е да им се помогне на медиумите да постигнат поголем степен на професионалност и независност.

„Ова во голема мера зависи од самите медиуми. Не е доволна помошта само од страна на регулаторните тела. Станува збор за долг процес, особено имајќи предвид каква е историјата на сите наши држави. Нема доволно развиена култура за слобода на медиумите така што мислам дека тоа е процес што во следниот период ќе има позитивен завршеток“, истакна Цековиќ.

Според Марија Стојанова од Бугарија, во балканските држави перцепцијата за регулаторните тела е погрешна.

„Во балканските држави, на работата на регулаторите сè уште се гледа како да се коментатори на политичките и медиумските случувања, а всушност, нашата работа е многу поразлична. Нашата задача е да ги контролираме содржините што медиумите ги создаваат и публиката да има можност да добива фер информација во согласност со новинарските стандарди, етички и морални, кои ние ги заборавивме во нашиот регион“, потенцираше Стојанова.

Денешната регионална конференција беше организирана по повод 20-годишнината од постоењето на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија.

А. Б.