/ Прочитано:

892

Русија бара правни гаранции за неутралност на Украина

Петок, 11 април 2014 – Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска побара правни гаранции за неутралност на Украина, истакнувајќи дека Москва е против членството на Киев во НАТО.

Тој, исто така, нагласи дека Москва е подготвена за разговори следната недела со САД, ЕУ и претставници на Украина, а на дневен ред би требало да се најде и украинскиот долг за гас кон Москва.

Лавров додаде дека кризата во Украина може да заврши само ако се прекине процесот за давање легитимност на преодната украинска Влада.