/ Прочитано:

869

Русија усвои парични казни за нецензуриран јазик во медиумите

Понеделник, 8 април 2013 – Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги потпиша измените во Законот за медиуми и Кодексот за административни нарушувања. Со законските измени предвидена е административна одговорност за граѓани, надлежни лица и правни лица за изготвување и ширење на содржини со нецензурирани зборови и термини, во средствата за масовно информирање. 

Непочитувањето на измените на Законот за медиуми за граѓаните ќе чини од 50 до 75 евра, за надлежните лица од 75 до 490 евра, а за правните лица од 490 до 4.900 евра. Новите законски решенија предвидуваат и „конфискување на предметот на административно нарушување“.

Експертите по филологија ќе определуваат кои зборови и термини се нецензурирани, а Законот за медиуми ги опфаќа сите средства за масовно инфорирање, вклучувајќи ги и Интернет изданијата.