/ Прочитано:

947

Се подготвува Закон за нуспроизводи од животинско потекло

Во подготовка е Закон за нуспроизводи од животинско потекло, информираат од Агенција за храна и ветеринарство.

slika

Со Законот за нуспроизводи од животинско потекло се уредува категоризацијата, собирањето, идентификација, транспортот, отстранувањето, преработката, употребата и складирањето на нуспроизводи од животинско потекло и нивните деривати од аспект на здравствената заштита на животните, безбедност на храната и безбедност на храната за животни.

„Во новиот Закон за нуспроизводи од животинско потекло ќе транспонира, односно ќе се направи усогласување со Регулатива (ЕЗ) бр. 1069/2009 на Европскиот парламент и на Советот од 21 октомври 2009 година утврдување на здравствени правила за нуспроизводи од животинско потекло и изведени производи кои не се наменети за исхрана на луѓето и за укинување на Регулативата (ЕЗ) бр. 1774/2002“, велат од Агенција за храна и ветеринарство.

М.В