/ Прочитано:

751

Семинар на тeмa: „Постапување во предмети на злоупотреба на службената положба

Четврток, 12 септември 2013 – Академијата за судии и јавни обвинители во соработка со Министерството за правда на САД, програма  ОПДАТ при Амбасадата на САД во Република Македонија, а во рамките на Антикорупциската Програма на Министерството за одбрана на САД (EUCOM) од денеска до 14 септември организира семинар на тема: „Постапување во предмети на злоупотреба на службената положба“, во просториите на хотел „Александар Палас“ – Скопје, со почеток во 9:00 часот.

Судиите од кривичните оддели и јавните обвинители од сите инстанци, преставниците на Министерството за внатрешни работи и адвокатите кои ќе учествуваат на семинарот ќе имаат можност да се запознаат со начинот на кој функционира правосудниот систем на САД кога станува збор за злупотреба на службената положба преку презентациите на Марк Лајтл, федерален јавен обвинител, Источен Округ на Верџинија, координатор за предмети од областа на јавната корупција, но исто така, и преку презентациите на Марин Мрчела, судија на Врховен суд на Република Хрватска, кој воедно е и претседател на ГРЕКО Комитетот (група на држави во борба против корупција) на Совет на Европа, ќе имаат можност да ги слушнат искуствата на Република Хрватска поврзани со истрагата и гонењето во случаи на јавна корупција, како и за препораките на ГРЕКО Комитетот и нивното влијание врз јакнењето на анти-корупциската правна рамка во Европа.  Домашните искуства ќе ги презентираат домашни експерти, пришто ќе биде презентирана и новата улога на истражните органи во постапувањето во случаи на јавна корупција, согласно новиот Закон за кривична постапка.

Со воведно обраќање до присутните семинарот ќе го отворат: Марко Зврлевски, јавен обвинител на Република Македонија; Анета Арнаудовска, директорот на Академијата за судии и јавни обвинители, Бартон Путни, заменик шеф на Мисијата на САД во Република Македонија, како и едукаторите: Џими Ворен, постојан правен советник, Програма ОПДАТ при Амбасадата на САД во Република Македонија и Марк Лајтл, федерален јавен обвинител, Источен округ на Вирџинија, координатор за предмети од областа на јавната корупција