/ Прочитано:

911

Сенатот на САД расправа за Закон против дискриминација на хомосексуалците

Вторник, 5 ноември 2013 – Американскиот Сенат синоќа со 61 гласа „за“ и 30 „против“ донесе одлука да започне расправа за Законот против дискриминација на работните места, со кој во иднина ќе им се забранува на компаниите да отпуштаат работници затоа што се хомосексуалци или врз поради нивниот полов идентитет, пишува МИА. 

Законот предвидува дека работодавачите во иднина нема да смеат да ги дискриминираат работниците врз основа на нивната сексуална определба, независно дали таа е реална или само впечаток на работодавачот.

Во Сенатот, Предлог законот добил поддршка од седум републиканци, меѓу нив и еден од спонзорите на законот, сенаторот Марк Кирк од Илиноис, кој за првпат се појави во Конгресот за да го поддржи законот, откако пред повеќе од година дена претрпе мозочен удар.

Претседателот на САД, Барак Обама, исто така силно го поддржува законот, велејќи дека дискриминацијата на хомосексуалците на работните места е срамна.

Според најавите, Предлог-законот нема да се однесува на верските  организации, како и на компаниите со помалку од 15 вработени, за кои честопати една долготрајна и скапа тужба може да значи и целосен колапс.