Информации

ДКП на Република Македонија во соодветната држава

- Министерство за надворешни работи на РМ
бул. „Филип Втори Македонски“ бр. 7 1000 Скопје Република Македонија
Тел: +389 2 3115 266 Факс: +389 2 3115 790 Е-пошта:mailmnr@mfa.gov.mk

Дипломатска, службена, конзуларна или специјална лична карта

Дипломатска, службена  или конзуларна лична карта се издава на странец кој е член на дипломатско-конзуларно претставништво на странска држава или е член на друга странска мисија која во Република Македонија има дипломатски статус и на членовите на нивните потесни семејства, согласно ратификуваните меѓународни договори.

Барањето за издавање на дипломатска, службена или конзуларна лична карта се поднесува кога:

  • странецот за прпат стапува на должност во дипломатско-конзуларното преставништво на странската држава или на друга странска мисија, која во РМ има дипломатски статус;
  • е истечена  важноста;
  • е извршена промена на името или презимето на нејзиниот носител;
  • е извршена промена на должноста на нејзиниот носител или
  • е исчезната, изгубена, украдена или на друг  начин отуѓена.

Опис на постапка

  1. Издавањето на дипломатска, службена или конзуларна лична карта се издава врз основа на претходно извршена нотификација и поднесено барање.
  2. Нотификацијата и барањето се поднесува до министерство за надворешни работи на РМ со заверена вербална нота.
  3. Пополнетото барање на македонски или англиски јазик, треба да е заверено од дипломатско конзуларното преставништво на странската држава или на др. Странска мисија , која во РМ има дипломатски статус. Нотата и барањето ги нотифицираат со печат и потпис на нивниот овластен преставник, потпис на странецот.
  4. Кон оваа документација треба да се приложи и пасош или фотокопија од пасошот.

Во зависност од функцијата која странецот ја врши во дипломатско конзуларното преставништво на странска држава, односно во странската мисија која во РМ има дипломатски статус, личните карти се издаваат во вид на:

  • дипломатска лична карта од видовите “Д” и “Д1”;
  • службена лична карта од вид “С”;
  • конзуларна лична карта од видовите “Ц” и “Ц1”.

Потребни документи

  • барање за издавање на лична карта пополнето на македонски јазик (зaверено од дипломатско конзуларното преставништво на странската држава);
  • заверена вербална нота и
  • пасош или фотокопија од пасошот.

Од страна на Министерството за надворешни работи, може да бидат побарани во  прилог и  други документи.