Информации

Министерство за економија
Јуриј Гагарин 15, 1000 Скопје
+389 2 3093 485 +389 2 3093 486
е-пошта: info@economy.gov.mk

Категоризација на угостителски објекти

Угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, пансион, туристички апартман планинарски и ловни домови и), како и угостителскиот објект за исхрана – ресторан и национален ресторан – меана, пред започнување со вршење на дејноста задолжително се категоризираат според условите и стандардите пропишани за одделни видови на овие објекти во поглед на уредувањето, опремувањето и квалитетот на услугите со ѕвездички.

Опис на постапка

  1. Решението за категоризација на угостителски објекти  се издава на барање на угостителот доставено до комисијата за категоризација.
  2. Барањето за издавање на Решение за категоризација на угостителски објекти се поднесува на два идентични обрасци со еден прилог на докази.
  3. Барањето се поднесува на образец кој содржи:
  • податоци од упис во трговскиот регистар;
  • фирма и адреса на угостителот;
  • вид, назив и седиште на угостителскиот објект;
  • услугите кои ќе бидат предмет на работење на угостителскиот објект;
  • известие – пријава за работа;
  • предлог на категорија на угостителскиот објект и
  • податоци и докази за раководителите и другите вработени.

Предвиден рок за постапката: За извршената категоризација комисиите донесуваат решенија во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето.

Угостителскиот објект не може да започне со работа пред да го добие решението во кое е определена категоријата на угостителскиот објект од страна на Комисијата за категоризација.

  • На влезот во секој угостителски објект мора да биде на видно место истакната пропишаната ознака на видот и категоријата на угостителскиот објект, при што при огласувањето и рекламирањето на своите услуги угостителот мора да ја употребува само оваа ознака на видот и категоријата на објектот.

Решението за утврдување на категоријата на угостителскиот објект се издава со важност од 3 години.

  • Доколку се извршат промени во пропишаните стандарди за категоријата на угостителскиот објект утврдена за уредувањето, опремувањето и квалитетот на услугите, угостителот е должен да поднесе барање за нова категоризација во рок од 8 дена од денот на промената на пропишаните стандарди (услови) за категоријата на угостителскиот објект.

Потребни документи

  • Барање за издавање на Решение за категоризација на угостителски објекти;
  • Решение за упис во трговскиот регистар (Централен регистар на РМ) со ДРД образец;
  • Пријава за работа (Фотокопија од Пријвата за исполнети минимално – технички услови за работа на угостителскиот објект и започнувањето со работа која е доставена да Државниот пазарен инспекторат);
  • Податоци и докази за раководителите и другите вработени (сведетелство и сертификат/ уверение за познавање на странски јазик);
  • Трошоци за категоризација на угостителскиот објект и
  • Уплата на административна такса за издадено решение во висина од 250, 00 денари.