Информации
Биро за судски вештачења
зграда на Македонска Телевизија, 19ти кат
Бул.Гоце Делчев бр.18, 1000 Скопје
тел. +389 (2) 3222-880
факс. +389 (2)3113-663
email:contact@bsv.gov.mk
Биро за судски вештачења
Бирото за судски вештачења, како орган во состав на Министерството за правда е основано со Законот за основање и работа на Републичкиот завод за судски вештачења во областа на финансиите,теријалното работење и сообраќајот и истото e конституирано од 01.04.1979 година.
Бирото врши:
- вештачења;
- експертизи;
- супер вештачења како второстепен орган по веќе изготвени наоди и мислења од други приватни агенции и вешти лица, а начело на двостепеност го пропишува и гарантира Уставот на Република Македонија.
Бирото врши вештачење од областа на:
- финансиско-материјално работење (вештачења од областа на даночниот систем, сметководственото работење, девизното и царинското работење, надворешно-трговското работење, изготвување на експертизи и супер вештачења за потребите на судовите и за други баратели);
- градежништвото и архитектура (изготвување наоди и мислења по извршени вештачења и супер вештачења, вршење на проценка на имот на стопански субјекти при нивна регистрација, трансформирање или во тек на стечајни постапки, вршење надзор при изградба на инвестициони и други објекти);
- сообраќај и машинство (изготвување на вештачења и супер вештачења од областа на сообраќајот, машинството, електротехниката, изготвување на елаборати и експертизи за потребите на судовите и други баратели, вршење на проценка на возила, вршење на реконструкции на лице место по сообраќајни незгоди);
- електротехниката;
- земјоделието;
- сточарството;
- шумарството;
- пчеларството;
- геологијата;
- хидрогеологијата;
- геодезијата.
Бирото врши проценки и на:
- вредноста на претпријатијата со општествен капитал;
- капиталот (основната главнина) на трговските друштва;
- возила, згради, ниви, шуми;
- опрема;
- индустриски градежни објекти;
- драгоцени метали;
- секаков вид на движен и недвижен имот;
- вредноста и утврдување надомест за денационализиран имот;
- вредноста на имот на правни и физички лица.