Информации

Надлежен орган: Министерство за внатрешни работи на РМ
Сектор: Управно надзорни работи
Одделение: Управни работи
ул. Кеј Димитар Влахов бб, 1000 Скопје - во зградата на МТВ со влез од страната на реката Вардар , Скопје
Работно време
08:30 - 16:30 часот

Дозвола за привремен престој на дете на странец родено во РМ

Во првите шест месеци од живот на дете, странец не му е потребна дозвола за привремен престој.

Заради внесување во системот и заради здравственото осигурување (здравствена книшка, картон за вакцини), во системот на управни служби ќе му се определи матичен број за странец, кој понатаму ќе го користи за издавање на дозволата за привремен престој или дозвола за постојан престој, доколку еден од неговите родители е со постојан престој.

Министерството за внатрешни работи на детето после 6 месеца од раѓањето му издава дозвола за привремен престој, врз основа на поднесено барање на еден од родителите, односно старателот, кој има дозвола за привремен престој во Република Македонија, а во согласност со другиот родител.

Времетраење на дозволата

Дозволата за привремен престој на дете на странец родено во РМ се издава во период до 1 година.

Дозволата може да се продолжи врз основа на поднесено барање на еден од родителите, односно на старателот на детето и истата може да се продолжува за временски период за кој важи дозволата за привремен престој на еден од родителите на детето, односно на старателот на детето.

Потребни документи

  • барање за дозвола за привремен престој на дете на странец, родено во РМ (го поднесува еден од родителите, односно старателот, кој има дозвола за привремен престој во Република Македонија);
  • писмена согласност од другиот родител и
  • копија од патна исправа.