Информации

Дозвола за привремен престој заради сместување во установи за сместување на стари лица

Дозвола за привремен престој заради сместување во установи за сместување на стари лица може да се издаде ако странецот е постар од 60 години живот и има склучено договор со установа за социјална заштита на стари лица во Република Македонија која ќе ја преземе и финансиската одговорност за трошоците во случај на негова смрт.

Во случај кога странецот нема навршено 60 години живот, покрај доказите за исполнетост на условите од ставот 1 на овој член кон барањето приложува и соодветна здравствена документација издадена од земјата чиј државјанин е, за потребата од негово сместување во установа за сместување на стари лица.

Дозвола за привремен престој заради сместување во установи за сместување на стари лица се издава за период до една година и истата може да се продолжува ако се исполнети условите утврдени во членот 57 од Законот за вработување на странци.

По истекот на договорот со установата за социјална заштита на стари лица во Република Македонија или во случај на негово предвремено раскинување странецот е должен да ја напушти територијата на Република Македонија.