Информации

Агенција за вработување на РМ (АВРМ)
ул. Васил Ѓоргов 43, 1000 Скопје,
Тел. +389 (2) 3111 850
Факс. +389 (2) 3111 856
e-mail. info@avrm.gov.mk
Поврзани институции
-Надлежното ДКП на РМакедонија во соодветна држава
-Министерство за надворешни работи -Министерство за внатрешни работи на РМ
-Министерство за Економија на РМ

Дозвола за привремен престој заради вработување, работа и на самостојно вработени лица

Странец  е лице кое не е државјанин на Република Македонија.

Дозволата за привремен престој заради вработување, работа или на самостојно вработени лица, може да се издаде ако странецот кон барањето приложи и работна дозвола, односно друга потребна дозвола согласно со закон, доколку со ратификуван меѓународен договор поинаку не е определено.

Дозволата се издава за период за кој е издадена работната дозвола, но не подолго од една година и истата може да се продолжува.

Работна дозвола е документ врз основа на кој домашниот или странскиот работодавач склучува договор за вработување или работа или извршува друга работа со странец.

Барањето за издавање на работна дозвола странецот го поднесува до дипломатско-конзуларното претставништво на Република Македонија.

Барањето за издавање на работна дозвола треба да содржи податоци,  документи и докази за видот на дејноста која странецот сака да ја реализира во Република Македонија местото, како и временскиот период во кој таа ќе биде реализирана и квалификационата структура  (специјалноста) на странецот.

По добивањето на визата за долгорочен престој, односно решението со кое се дозволува привремен престој во Република Македонија, странецот може да влезе во Република Македонија и е должен во рок од пет дена од денот на влегувањето во Република Македонија да се јави во Министерството за внатрешни работи, заради издавање на дозвола за привремен престој во Република Македонија.

Барањето за издавање на работна дозвола странецот може да го поднесе до Агенцијата за вработување на РМ.

По добивањето на дозволата за привремен престој од Министерството за внатрешни работи, странецот е должен да го завери почетокот и престанокот на работата во Агенцијата за вработување – Центарот за вработување, во седиштето каде што е пријавена компанијата (трговско друштво).

Видови на работна дозвола:

-Лична работна дозвола

Лична работна дозвола е обновлив или постојан облик на работна дозвола, која во текот на својата важност му овозможува на странецот, слободен пристап до пазарот на труд.

Лична работна дозвола со важност за период до една година се издава на:

-член на потесното семејството на државјани на Република Македонија кој поседува важечка дозвола за привремен престој;

-член на потесното семејството на странец кој поседува лична работна дозвола за неодреден временски период;

-странец кој по потекло е од Република Македонија или негов наследник до трето колено, кој нема македонско државјанство;

-странец кој престојува во Република Македонија врз основ на дозвола за привремен престој за семејно обединување;

-странец барател на правото на азил на кој барањето за признавање на правото на азил не му е решено во период од една година, по истекот на периодот од една година (дозволата за работа се издава на три месецa со можност за продолжување);

-странец со признат статус на бегалец;

-странец под супсидијарна заштита и

-жртви на трговија со луѓе/хуманитарни причини.

Барањето се доставува лично  до Агенцијата за вработување. Доколку им престане работниот однос не по своја вина можат да се заведат во евиденцијата на невработени лица во Агенцијата за вработување.

Во ДКП на РМакедонија може да аплицира за добивање на лична работна дозвола за самовработување:

-странец кој има намера да основа или заеднички основа приватна комерцијална компанија;

-кој има намера да ја извршува својата дејност како единствен сопственик и

-кој има намера самостојно да извршува стручна дејност.

Барање за лична работна дозвола со важност за период од три години може да поднесе странец:

-кој ја претставува компанијата(трговското друштво)  врз основа на правото за основање;

-како и странец кој ја извршува својата дејност како единствен сопственик или

-странец  кој самостојно извршува стручна дејност,  во Република Македонија без прекин во период од една година.

Кон барањето, странецот треба да приложи и позитивно мислење од Министерството за економија за реализација на деловниот план.

Лична работна дозвола која важи за период од три години, може повторно да се издаде на странец за истиот период ако приложи позитивно мислење од Министерството за економија за реализација на деловниот план.

Барање за лична работна дозвола, со важност за неодредено време, може да се поднесе од страна на странец кој поседува дозвола за постојан престој во Република Македонија и лице со признат статус на бегалец.

Лицата кои имаат обврска да го регистрираат почетокот и престанокот на работата вршена од странци, се работодавачите кои засноваат работен однос со странецот или самите странци ако се тие самовработени.

Дозвола за вработување

Дозвола за вработување е вид на работна дозвола која се издава во врска со потребата за постојано вработување кај работодавачите.

Странец кој има одобрен привремен престој во РМ и поседува ваков вид на дозвола може да биде вработен само кај работодавач кој поднел барање за негова работна дозвола.

Дозволата за вработување се издава на работодавачот, кој искажува постојана потреба за вработување, која што не е можно да ја задоволи од домашната работна сила понудена на пазарот на трудот.

Дозволата за првото вработување се издава за шест месеци со можност за продолжување до вкупно една година, без повторно проверување на условите.

Работна дозвола потребно е да поседуваат сите странци кои работат во фирми, институции, агенции и сл.

За прв пат барањето се доставува преку ДКП, а продолжувањето се врши во државата.

Дозвола за работа

Дозвола за работа е вид на работна дозвола, со предходно утврдено временско ограничување, врз основа на која странецот може привремено да работи во РМ, согласно целта заради која била издадена дозволата.

Во поглед на целта, дозволата за работа се поврзува со:

-работа изведена од преместени работници;

-обука и доусовршување на странци;

-сезонска работа на странци;

-работа изведена од странски преставници и

-поединечни услуги на странци.

По истекот на дозволата за работа, дозволата за работа може само да се обнови во исклучителни околности.

Дозвола за привремен престој заради работа ќе се издаде врз основа на барање на странецот, правното лице со кое странецот треба да склучи договор за вработување или од него овластен претставник, кое може да се поднесе и во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

Дозволата за привремен престој заради работа може да се издаде на странец ако агенцијата за вработување на Република Македонија издаде позитивно мислење дека странецот ги исполнува условите согласно со закон, доколку со ратификуван меѓународен договор поинаку не е определено.

Мислењето, Министерството за внатрешни работи го обезбедува по службена должност согласно со закон.

Агенцијата за вработување на Република Македонија е должна да го достави мислењето до Министерството за внатрешни работи во рок од пет работни дена.

Доколку агенцијата за вработување на Република Македонија не постапи во тој рок од ќе се смета дека мислењето е позитивно.

Странецот на кој му е издадена дозвола за привремен престој заради работа во Република Македонија може да ја врши само работата за која му е издадена дозволата.

Како работа се смета вработување, сезонско вработување и работење на странец кој е упатен работник.

Дозволата за привремен престој заради работа се издава за период за кој е издадено позитивното мислење од агенцијата за вработување на Република Македонија и истата може да се продолжува ако се исполнети условите утврдени во членот 57 став 2 од Законот за вработување на странци.

Доколку дозволата за привремен престој заради работа се издава согласно со мислење на Агенцијата за вработување на Република Македонија кое се смета за позитивно, истата ќе се издаде за периодот кој странецот го навел во барањето, но не подолг од една година.

Решението со кое се дозволува привремен престој заради работа може да се издаде и во Министерството за внатрешни работи.

Работна дозвола за спортисти

Работна дозвола потребно е да поседуваат и спортистите кои настапуваат во клубови од прва лига. За овие странски државјани Агенцијата за млади и спорт дава согласност во писмена форма, потребен е договор меѓу спортистот и клубот и мислење од федерацијата.

Работна дозвола за тренери

Странските државјани кои се професионални тренери  можат да бидат вработени и во аматерски клубови затоа што тоа занимање е како и останатите и доколку немаме кадар од тој профил може агенцијата да му издаде работна дозвола.

Волонтерство

Врз основа на  Законот за волонтерство ќе се одобри привремен престој во РМакедонија на странец кој ќе донесе согласност за волонтирање од Министерството за труд и социјална политика и договор за волонтирање меѓу странецот и надлежната институција.

Верски работи

За вршење на верски работи во верски објекти странците мора да поседуваат согласност од Комисијата на Владата за односи со верски заедници и религиозни групи. Во Уставот на РМакедонија внесени се 5 верски заедници: Македонска Православна Црква, Исламска Верска Заедница, Католичка Црква, Еврејска Заедница и Евангелско Методистичка Заедница. Останатите 21 се религиозни групи.

Потребно е прво Заедницата или Групата да се обрати до Комисијата и да достави документ за што е потребно ангажирање на странецот: богослужба, молитва или верски обреди. Ова се однесува само за во просториите на верските објекти.

Новинари

Странските новинари кои вршат известување од РМакедонија,  потребно е да поседуваат беџ, акредитација од Секторот за информирање при Генералниот секретаријат на Владата на РМакедонија.
Мас-медиумите  преставници на професионални ТВ екипи слободно можат да работат до 30 дена без да добијат беџ од Секторот само со одобрение од релевантната институција која го испраќа кај нас.

Друга група се преставници на печатени мас медиуми кои бараат да бидат акредитирани над 30 дена до една година. Овие лица потребно е да приложат:

-оригинално писмо од редакцијата од медиумска страна што го назначува да работи во РМ;

-биографија на новинарот;

-краток историјат на медиумот за кој ќе работи;

-копија од неговата легитимација за што ќе работи (камерман, снимател, новинар) и

-копија на патна исправа.

Се разгледуваат сите документи и се донесува одлука да му се издаде согласност или не. По добивање на согласноста од страна на Секторот за информирање потребно е да се обрати за добивање на дозвола за привремен престој.

Креативни услуги од областа на културата

Со согласност од Министерството за култура за активност до 7 дена можат да настапуваат странци во областа на културата како:

-учесници во културни работилници, состаноци, колонии и други културни настани или како известувачи за вакви настани, како креатори и преработувачи од областа на музиката, музички изведби, ора, балет и литературни дела, фотографија, видео, филм и уметност на електронски медиуми и

-како придружен персонал за инструктори, известување и организациски и технички персонал и како експерти од областа на заштитата на културното наследство, библиотекарството, архиварството и креативната култура.

Во една календарска година имаат право на ваква активност со прекини во траење од вкупно 30 дена. За подолг период потрабна е работна дозвола од Агенцијата за вработување.

Работа на странските студенти кои имаат одобрен привремен престој по основ на студии

Странските студенти во РМакедонија може да вршат краткорочни или помошни работи без дозвола за работа, доколку целокупниот период за вршење на такви работи не е повеќе од 10 работни часа во текот на една недела и тоа само тие кои се самофинансираат.

Условот е ваквата работа да биде регистрирана во Агенцијата за вработување.

За ваквата работа работодавачот е должен да ги покрие трошоците за социјалното осигурување.

Учениците и студентите кои се во меѓународна размена и каде школувањето или студирањето се на товар на РМакедонија немаат право  да работат или да се работно ангажирани за периодот на нивниот престој.

Работна дозвола за професија лекар

Кога се работи за добивање на работна дозвола за професија лекар во  јавна или приватна здравствена установа странецот потребно е да поседува согласност  од Министерство за здравство и лиценца од Лекарската комора на РМ пред добивање на работната дозвола од Агенцијата за вработување.

Потребни документи (лична работна дозвола)

-aпликација за виза;

-пополнет Образец  РД 1/3;

-доказ за регистрација во Централниот регистар на РМ за евидентираност како правен субјект;

-деловен план,

-тековна состојба на фирмата не постара од шест месеци;

-пополнето барање за издавање/продолжување на дозвола за привремен престој во РМ (Oбразец 2, МВР);

-доказ за здравствено осигурување (и задолжителен превод, на оригиналот, на македонски јазик од овластен судски преведувач);

-доказ за неосудуваност издаден од матичната земја на странецот (и задолжителен превод, на оригиналот, на македонски јазик од овластен судски преведувач);

-доказ дека не се води кривична постапка против странецот во државата чиј државјанин е или во државата во која престојува и од која го поднесува барањето за издавање на дозвола за престој;

-важечка и призната патна исправа со рок на важност најмалку 3 месеци подолг од планираниот престој на странецот во РМ и

фотографија 3,5 х 4,5 см.

Потребни документи (дозвола за вработување)

-апликација за виза;

-заверен Образец  РД 2/1 од АВРМ;

-пополнето Барање за издавање/продолжување на дозвола за привремен престој во РМ (Oбразец 2, МВР);

-доказ за здравствено осигурување (и задолжителен превод, на оригиналот, на македонски јазик од овластен судски преведувач);

-доказ за неосудуваност издаден од матичната земја на странецот (и задолжителен превод, на оригиналот, на македонски јазик од овластен судски преведувач);

-доказ дека не се води кривична постапка против странецот во државата чиј државјанин е или во државата во која престојува и од која го поднесува барањето за издавање на дозвола за престој;

-важечка и призната патна исправа со рок на важност најмалку 3 месеци подолг од планираниот престој на странецот во РМ и

-фотографија 3,5 x 4,5 см.

Потребни документи (дозвола за работа – прекугранично давање на услуги)

-апликација за виза;

-образец РД 3/1;

-договор за вршење на услуги за нарачателот (кој има регистрирано дејност во РМ);

-термински план за извршување на работата;

-доказ за соодветна регистрација (од двете договорни странки);

-изјава на подносителот (странската компанија) дека во последната година (пред поднесување на барањето) не била изречена казна за прекршок против компанијата;

-список на преместени работници (Образец РД 3/1-1);

-доказ дека преместените работници најмалку 1 година се во работен однос и социјално осигурани кај странскиот работодавач;

-пополнето барање за издавање/продолжување на дозвола за привремен престој во РМ (Oбразец 2, МВР);

-доказ за здравствено осигурување (и задолжителен превод, на оригиналот, на македонски јазик од овластен судски преведувач);

-доказ за неосудуваност издаден од матичната земја на странецот (и задолжителен превод, на оригиналот, на македонски јазик од овластен судски преведувач);

-доказ дека не се води кривична постапка против странецот во државата чиј државјанин е или во државата во која престојува и од која го поднесува барањето за издавање на дозвола за престој;

-важечка и призната патна исправа со рок на важност најмалку 3 месеци подолг од планираниот престој на странецот во РМ и

-фотографија 3,5 x 4,5 см.

Потребни документи (преместени странски работници учесници на дополнителна обука)

-aпликација за виза;

-заверен  Образец РД 3/2 од АВРМ;

-пополнето барање за издавање/продолжување на дозвола за привремен престој во РМ (Oбразец 2, МВР);

-доказ за здравствено осигурување (и задолжителен превод, на оригиналот, на македонски јазик од овластен судски преведувач);

-доказ за неосудуваност издаден од матичната земја на странецот (и задолжителен превод, на оригиналот, на македонски јазик од овластен судски преведувач);

-доказ дека не се води кривична постапка против странецот во државата чиј државјанин е или во државата во која престојува и од која го поднесува барањето за издавање на дозвола за престој;

-важечка и призната патна исправа со рок на важност најмалку 3 месеци подолг од планираниот престој на странецот во РМ и

-фотографија 3,5 x 4,5 см.

Потребни документи (преместени странски работници кои спроведуваат дополнителна обука)

-апликација за виза;

-заверен  Образец РД 3/3 од АВРМ;

-пополнето барање за издавање/продолжување на дозвола за привремен престој во РМ (Oбразец 2, МВР);

-доказ за здравствено осигурување (и задолжителен превод, на оригиналот, на македонски јазик од овластен судски преведувач);

-доказ за неосудуваност издаден од матичната земја на странецот (и задолжителен превод, на оригиналот, на македонски јазик од овластен судски преведувач);

-доказ дека не се води кривична постапка против странецот во државата чиј државјанин е или во државата во која престојува и од која го поднесува барањето за издавање на дозвола за престој;

-важечка и призната патна исправа со рок на важност најмалку 3 месеци подолг од планираниот престој на странецот во РМ и

-фотографија 3,5 x 4,5 см.

Потребни документи (услуги од преместени работници)

-апликација за виза;

-заверен Образец РД 3/4 од АВРМ;

-пополнето барање за издавање/продолжување на дозвола за привремен престој во РМ (Oбразец 2, МВР);

-доказ за здравствено осигурување (и задолжителен превод, на оригиналот, на македонски јазик од овластен судски преведувач);

-доказ за неосудуваност издаден од матичната земја на странецот (и задолжителен превод, на оригиналот, на македонски јазик од овластен судски преведувач);

-доказ дека не се води кривична постапка против странецот во државата чиј државјанин е или во државата во која престојува и од која го поднесува барањето за издавање на дозвола за престој;

-важечка и призната патна исправа со рок на важност најмалку 3 месеци подолг од планираниот престој на странецот во РМ и

-фотографија 3,5 x 4,5 см.

Потребни документи (преместување на лицата во рамки на компанијата)

-апликација за виза;

-заверен Образец РД 3/5 од АВРМ;

-пополнето барање за издавање/продолжување на дозвола за привремен престој во РМ (Oбразец 2, МВР);

-доказ за здравствено осигурување (и задолжителен превод, на оригиналот, на македонски јазик од овластен судски преведувач);

-доказ за неосудуваност издаден од матичната земја на странецот (и задолжителен превод, на оригиналот, на македонски јазик од овластен судски преведувач);

-доказ дека не се води кривична постапка против странецот во државата чиј државјанин е или во државата во која престојува и од која го поднесува барањето за издавање на дозвола за престој;

-важечка и призната патна исправа со рок на важност најмалку 3 месеци подолг од планираниот престој на странецот во РМ и

-фотографија 3,5 x 4,5 см.

Потребни документи (обука и напредна обука)

-апликација за виза;

-заверен Образец РД 3/6 од АВРМ;

-пополнето барање за издавање/продолжување на дозвола за привремен престој во РМ (Oбразец 2, МВР);

-доказ за здравствено осигурување (и задолжителен превод, на оригиналот, на македонски јазик од овластен судски преведувач);

-доказ за неосудуваност издаден од матичната земја на странецот (и задолжителен превод, на оригиналот, на македонски јазик од овластен судски преведувач);

-доказ дека не се води кривична постапка против странецот во државата чиј државјанин е или во државата во која престојува и од која го поднесува барањето за издавање на дозвола за престој;

-важечка и призната патна исправа со рок на важност најмалку 3 месеци подолг од планираниот престој на странецот во РМ и

-фотографија 3,5 x 4,5 см.

Потребни документи (сезонска работа)

-апликација за виза;

-заверен  Образец РД 3/7 од АВРМ;

Потребни документи (странски претставници на компании)

-апликација за виза;

-заверен Образец РД 3/8 од АВРМ;

-пополнето барање за издавање/продолжување на дозвола за привремен престој во РМ (Oбразец 2, МВР);

-доказ за здравствено осигурување (и задолжителен превод, на оригиналот, на македонски јазик од овластен судски преведувач);

-доказ за неосудуваност издаден од матичната земја на странецот (и задолжителен превод, на оригиналот, на македонски јазик од овластен судски преведувач);

-доказ дека не се води кривична постапка против странецот во државата чиј државјанин е или во државата во која престојува и од која го поднесува барањето за издавање на дозвола за престој;

-важечка и призната патна исправа со рок на важност најмалку 3 месеци подолг од планираниот престој на странецот во РМ и

-фотографија 3,5 x 4,5 см.

Потребни документи (индивидуални услуги од странци)

-апликација за виза;

-заверен Образец РД 3/9 од АВРМ;