Информации

Град Скопје
-Сектор за сообраќај
бул. “Илинден“ бб, 1000 Скопје
тел: +389 (2) 3297 312
Работно време:
08.30-16.30 часот

Дозвола за вонреден превоз

Оваа Дозвола се издава за возила што не ги исполнуваат пропишаните услови, во поглед на димензиите, вкупната маса и осното оптоварување и кои со своето учество во сообраќајот ја загрозуваат безбедноста или значително го попречуваат одвивањето на сообраќајот и истата е со ограничено време на важност, a се однесува за во границите на подрачјето на Градот Скопје, утврдено со Законот за Градот Скопје.

Јавен пат

Домашен и странски превозник со возило на јавен пат кое празно или заедно со товарот ги надминува пропишаните услови во поглед на димензиите, вкупната маса, осното оптоварување, може да врши превоз само врз основа на дозвола за вонреден превоз.

Дозволата за вонреден превоз на барање на домашниот и странски превозник ја издава Агенцијата за државни патишта по прибавено мислење од Министерството за внатрешни работи.

  • Во дозволата за вонреден превоз се определуваат начинот и условите за извршување на превозот и рокот на важење на дозволата.
  • Постапката за издавање на дозволата е итна.
  • Дозволата за вонреден превоз мора да се наоѓа во возилото.

Опис на постапка (Град Скопје)

  1. За обезбедување на оваа Дозвола, барателот како правно или физичко лице, доставува барање преку Архивата на Градот Скопје (барака 16) со административни таксени марки во вредност од 200,00 денари.
  2. Со барањето, барателот доставува План на сообраќајниците со траса на движење на возилото во мерка 1:1000 или 1:2500, фотокопии од сообраќајната дозвола на возилото и доказ за склучена, односно договорена работа или потреба.
  3. Субјектот заинтересиран за добивање на наведениот документ/акт треба во доставената документација да наведе и контакт телефон.
  4. По разгледување на целокупната доставена документација, Секторот за сообраќај преку својата архива со допис ја доставува до МВР – СВР, Одделение за БПС, согласно законските прописи за нивно произнесување, односно за прибавување на согласност.
  5. Веднаш по добивање на Согласноста, овој Сектор изготвува дозвола и заедно со целокупната горе наведена документација ја доставува за потпис и печат.
  6. На крајот, постапката завршува со допис. Се доставува дозволата на адреса на барателот, за понатамошна реализација.

Предвиден рок за постапката: од 2 до 4 работни дена. Во дефинираниот број на денови не влегуваат и деновите потребни за прибавување на Согласност од МВР-СВР.

Документ/акт што граѓанинот го добива: Дозвола за вонреден превоз

Потребни документи

  • барање со административни таксени марки во вредност од 200,00 денари;
  • план на сообраќајниците со траса на движење на возилото во мерка 1:1000 или 1:2500;
  • фотокопија од сообраќајната дозвола на возилото;
  • доказ за склучена, односно договорена работа или потреба.