Информации

Управа за јавни приходи на РМ
Генерална дирекција
бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел.
+389 (2) 3299 500; 075/346 986
Факс
+389 (2) 3281 010
Email:
info@ujp.gov.mk
Инфо центар:
0800 33 000
Пријави неправилности::
198
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30 часот Регионални дирекции

Други приходи

  • Други приходи се сите приходи кои не се исплатени во вид на лични примања;
  • приходи од самостојна дејност;
  • приходи од имот и имотни права;
  • приходи од авторски права и права од индустриска сопственост;
  • приходи од капитал;
  • капитални добивки;
  • добивки од игри на среќа и други наградни игри и други приходи, ниту се ослободени од обврската за оданочување (приходи утврдени со член 6 од Законот за персонален данок на доход);
  • како други приходи може да се јават разни видови на помошти остварени по барање на обврзникот – физичко лице (за лекување, набавка на помагала на хендикипирани лица, школување, учество на разни спортски, културни и други манифестации и слично), дадени во пари, во натура, хартии од вредност или во некој друг вид и
  • како други приходи кои подлежат на оданочување со персонален данок на доход се сметаат и приходите остварени со стекнување на хартии од вредност и учество во капиталот, без надоместок, доколку истите не се оданочени според Законот за даноци на имот.

Даночен обврзник

  • Физичко лице кое остварува приходи, кои согласно Законот за персонален данок на доход спаѓаат во групата “други приходи“.
  • Обврзник на данокот на доход за другите приходи остварени со стекнување на хартии од вредност и учество во капиталот, без надоместок, доколку истите не се оданочени според Законот за даноци на имот, е физичкото лице кое се стекнува со хартии од вредност и учество во капиталот.

Даночна основа

  • Основа за пресметување на персоналниот данок за другите приходи за кои данокот се утврдува по одбивка, претставува нето приходот кој се утврдува со одбивање на нормираните трошоци од бруто приходот во висина од 35%.
  • Основа за пресметување на персоналниот данок за другите приходи остварени со стекнување на хартии од вредност и учество во капиталот без надоместок за кои данокот го утврдува со решение Управата за јавни приходи, претставува пазарната вредност на денот на стекнувањето на хартиите од вредност и учеството во капиталот.

* Под пазарна вредност се подразбира вредноста на хартиите од вредност и учеството во капиталот утврдена според податоците од Македонската берза на хартии од вредност, доколку котираат на берзата, односно номиналната вредност на хартиите од вредност и учеството во капиталот, за оние кои не котираат на берзата.

Даночна стапка

  • од 01.01 2008 година – стапката изнесува 10%

Утврдување аконтација на данок

Аконтацијата на данокот на доход за другите приходи се утврдува:

  • по одбивка – доколку исплатувачот на приходот води деловни книги и
  • по решение на УЈП.

Обврски на физичко лице

  • Аконтативни – физичкото лице до УЈП треба да достави “образец ПДД-АДП/ДП“, во рок од 15 дена од денот на остварување на приходот.
  • Годишни – физичкото лице до УЈП треба да достави Годишна даночна пријава (образец “ПДД-ГДП”), најдоцна до 15 март наредната година, според неговото живеалиште.