Информации

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Државен инспекторат за земјоделство

Бул. „Гоце Делчев“ бр.18, 1000 Скопје
Тел:+389 (2) 3121-462
e-mail: info@mzsv.gov.mk

Државен инспекторат за земјоделство

Државниот инспекторaт за земјоделство е орган во состав на Министерството за земјоделство.

Државниот инспекторaт за земјоделство е овластен да:

  • Да врши надзор над спроведувањето и извршувањето на законите и другите прописи од страна на: државните органи, јавните претпријатија, трговските друштва, установите, физичките и правните лица кои вршат дејност од областа на земјоделството;
  • Да врши надзор во прометот на: растенијата, производите, средствата и предметите и други работи определени со закон од областа на земјоделството;
  • Да врши преглед и контрола на: земјоделското земјиште, земјоделските посеви и насади, на евиденцијата за приплодниот и друг добиток, просториите каде што се врши преработка и доработка на земјоделски производи, опремата со која се врши таа преработка и доработка, процесот на преработка и доработка во сите фази се до финалниот производ, просториите за чување и одржување на земјоделските производи, зелен и сточен пазар, земјоделската техника, деловните простории, деловните книги, договорите, пописните листи како и на другата документација преку која се остварува увид во извршувањето на законите од областа на земјоделството и другите закони од страна на државните органи, јавните претпријатија, трговските друштва, установите, физичките и правните лица кои вршат дејност од областа на земјоделството;
  • Да врши надзор над вкупните количини производи од растително потекло, опфатени со сертификатот издаден од овластените правни лица и институциите;
  • Да врши преглед и контрола на царинските терминали, во однос на квалитетот на вештачките ѓубрива, добиточната храна, семенски и саден материјал;
  • Кога инспекторот ќе оцени дека растенијата, производите и репроматеријалите и друго од делокругот на работата на субјектите од државните органи, јавните претпријатија, трговските друштва, установите, физичките и правните лица кои вршат дејност од областа на земјоделството не одговараат на пропишаните услови, пропишаните стандарди и квалитет ќе земе потребен број мостри за анализа согласно со законот и ќе ги достави на овластена установа за анализа;
  • Ако при надзорот се констатира дека правното или физичкото лице пуштило во промет растенија, производи, средства и предмети без соодветна документација, без потекло и со изминат рок, инспекторот е должен привремено да ги одземе растенијата, производите, средствата и предметите употребени за извршување на прекршокот, односно кривичното дело и да ги предаде на надлежниот суд и
  •  Ако инспекторот утврди дека со сторениот прекршок или кривично дело е остварена противправна имотна корист или настанала штета, должен е во поднесеното барање за прекршочна постапка или кривично дело, да ја наведе висината на таа корист и да бара да се одземе од сторителот или да ја надомести штетата на оштетениот.

Задачи и овластувања на државниот инспектор за земјоделство

Во вршењето на инспекцискот надзор, државниот инспектор за земјоделство има право да:

  • врши преглед на семенските посеви и насади и на растителните производи пуштени на пазар;
  • врши контрола кај производителите, доработувачите, трговците, увозниците, извозниците на семенски материјал и саден материјал, дали се запишани во соодветниот регистар што го води Управата и дали и понатаму ги исполнуваат пропишаните услови за вршење на дејностите, како и на соодветната документација (уверенија, сертификати, испратници, фактури, приемници и други пропишани документи);
  • врши контрола на семенскиот и садниот материјал што е пуштен во трговија, дали сортата е запишана во националната сортна листа, дали ги има потребните документи за квалитет и здравствена исправност, рокот на важење на документите, дали е соодветно спакуван и означен на пропишан начин, соодветна примена на условите предвидени во членовите 11, 12, 13, 15, 21 и 22 на овој закон;
  • врши контрола на семенскиот и садниот материјал од сорти земјоделски растенија кои се генетски модифицирани и кои мораат да бидат дополнително означени како генетски модифицирани;
  • зема мостри за анализа доколку оцени дека материјалот што е пуштен на пазарот, отстапува од пропишаниот квалитет и здравствената исправност;
  • привремено, до одлука на надлежен суд, да одземе од правно или физичко лице семенски материјал, саден материјал и други предмети употребени за извршување на кривичо дело или прекршок;
  • врши надзор кај снабдувачите и наредува, привремено да се повлечат од трговија оние количини на семенски и саден материјал, за кои ќе се утврди дека не ги исполнуваат условите за пуштање во трговија, сé до отстранување на недостатоците, со што привремено ќе го забрани пласирањето на пазарот;
  • забрани маркетинг на семенски материјал, саден материјал, кој не одговара на пропишаните услови за ставање во трговија од овој закон, се до донесување на правосилна одлука од надлежен суд;
  • собира податоци и известувања од одговорни лица во правното лице и други лица и сослушува сведоци и други стручни лица кога тоа е потребно за успешно вршење на неговите работи;
  • врши надзор дали правните лица од членовите 59 и 60 на овој закон ги исполнуваат условите за вршење на дадените јавни овластувања;
  • врши надзор во определените места – царински терминали во внатрешноста на Република Македонија кои се под царински надзор на квалитетот на семенскиот и садниот материјал и
  • доколку оцени дека семенскиот и садниот материјал не одговара на одредбите на овој закон, со решение ќе го задолжи увозникот до одреден рок да го отстрани недостатокот или да ја врати пратката назад. Ако не се отстранат недостатоците или не се врати пратката назад, земјоделскиот инспектор на царинскиот терминал во присуство на официјално лице од царинската служба ќе ја одземе или уништи пратката.