Информации

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ „Ленинова“ бр. 2, 1000 Скопје; тел. + 389 (2) 3134 477, факс. +389 (2) 3239 429

Државен инспекторат за шумарство и ловство

Државниот инспекторат за шумарство и ловство ги врши работите во врска со инспекцискиот надзор над примената на законските прописи и подзаконските акти од Законот за шумите, Законот за ловството, Законот за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја, Законот за заштита на растенијата од болести и штетници и други законски прописи кои се тесно поврзани со оваа проблематика.

Државниот инспекторат за шумарство и ловство врши инспекциски надзор на 1.002.809 ха шуми и шумско земјиште во Државна и приватна сопственос, од кои 861.243 ха се обраснати со шума и 141.566 ха се необраснати, кои површини се уредени во 176 посебни планови за стопанисување со шумите, како и 249 установени ловишта, уредени со посебни ловностопански основи кои се дадени по пат на концесија за користење, одгледување и заштита на дивечот.