Информации

Надлежен орган: Министерство за внатрешни работи

Електронско пријавување престој на странец

Согласно одредбите од Законот за странци, правните и физичките лица кои им даваат услуги на сместување на странците со наплата се должни да го пријават престојот на странецот во Министерството за внатрешни работи во рок од 12 часа од часот на давањето на услугата.

Други лица кај кои странците престојуваат се должни да го пријават престојот на странецот во рок од 48 часа од часот на доаѓањето на странецот во полициската станица под чија што надлежност е адресата на престој. Со цел да се поедностави процедурата, притоа неускратувајќи ја можноста пријавувањето да се врши и преку посета на надлежната полициска станица, преку официјалната веб страна на МВР им се овозможува на правните, физички и други лица пријавувањето на престојувалиштето на странци или државјани на Република Македонија да го направат и по електронски пат, преку пополнувањето на приложената апликација.

  • Прв чекор при пополнувањето на апликацијата е изборот на полициската станица под чија што надлежност е адресата на престојување на странските или домашни лица.
  • Пополнувањето на сите означени рубрики е задолжително.
  • По доставувањето на апликацијата на мејл адресата од којашто е пратена истата, ќе ви стигне пораката – “вашата апликација е доставена“.

Исто така, што се однесува до физичките лица кои пријавуваат престој на странци или домашни лица, оваа апликација може да се користи, меѓутоа тие сепак ќе мора во законскиот рок од 48 часа да ги пријават престојувателите и во полициска станица каде што се води евиденцијата за ваквиот вид престојување, и каде што ќе добијат соодветна заверена потврда за пријавениот престој.