Информации
Општина Град Скопје
Ул. „Илинден“ бр.82
Поштенски бр. 1000 Скопје
Тел:
+389(2) 3297-204
Факс:
+389(2) 3165-445
Email:
gradonacalnik@skopje.gov.mk
kabinet@skopje.gov.mk
Web:
www.skopje.gov.mk
Градоначалник:
Петре Шилегов
Град Скопје
Подрачјето на градот Скопје, го сочинуваат подрачјата на општините: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари и во границите утврдени со Законот за Град Скопје.
Надлежности на Градот Скопје според Законот за Град Скопје
1. Планирање и уредување на просторот
- донесување просторен план на градот Скопје;
- донесување генерален урбанистички план на градот Скопје;
- давање мислење за предлогот на деталните урбанистички планови, урбанистички проекти и урбанистички планови за населените места што ги донесуваат општините во градот Скопје;
- уредување градежно земјиште и
- утврдување стандарди и давање согласност за поставување времени објекти, мебел и урбана опрема на подрачјето на градот Скопје.
2. Заштита на животната средина и природата
- заштита, преземање мерки и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето, заштита на природата, заштита од бучава и нејонизирачкото зрачење на подрачјето на градот Скопје.
3. Локален економски развој
- планирање на локалниот економски развој на градот Скопје;
- утврдување развојни и структурни приоритети на ниво на градот Скопје;
- водење локална економска политика на ниво на градот Скопје;
- утврдување стратегија и давање поддршка на развојот на малите и средните претпријатија и претприемништвото;
- развој и поттикнување алтернативен и културен туризам и
- подобрување на условите за престој на туристите во градот Скопје и туристичко пропагандно информирање.
4. Комунални дејности
- изградба, користење, заштита и одржување на магистрални и собирни улици и други инфраструктурни објекти;
- категоризација и именување на градски населби, улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти;
- снабдување со вода за пиење од единствениот водоснабдителен систем на градот Скопје;
- одведување и пречистување на отпадните води;
- одведување и испуштање на атмосферските води;
- обработка и испорака на технолошката вода;
- изградба и одржување на јавното осветлување на магистралните и собирните улици на подрачјето на градот Скопје;
- собирање и транспортирање на комуналниот и друг вид на неопасен отпад ;
- одржување на депониите за комунален и друг вид на неопасен отпад;
- уредување и организирање на јавниот градски и приградски превоз на патници; одржување на јавната чистота на јавните сообраќајни површини;
- одржување и користење на градските паркови, парк-шумите на подрачјето на градот Скопје, водните и спортско-рекреативни зони, утврдени со генералниот урбанистички план и други заштитени подрачја во согласност со закон;
- одржување на зеленилото на магистралните и собирните улици;
- изградба, одржување и користење на јавни паркиралишта од значење за градот Скопје, утврдени со урбанистички план;
- поставување, замена, отстранување и одржување на сообраќајните знаци и заштитната опрема на локалните патишта и улици;
- утврдување услови и режим на сообраќајот на подрачјето на градот Скопје;
- одржување на гробовите, гробиштата, крематориумите и давање погребални услуги на градските гробишта, утврдени со урбанистички план;
- снабдување со природен гас и топлинска енергија;
- изградување, водење, одржување и користење на единствен географски информационен систем на градот Скопје;
- регулација, одржување и користење на речните корита во урбанизираните делови;
- дезинсекција на подрачјето на градот Скопје;
- изградба, користење и одржување на пазари на големо и пазари за продажба на моторни возила на подрачјето на градот Скопје;
- ерадикација на животните скитници;
- определување места за закоп на мртви животни и нивно одржување и
- украсување на градот Скопје.
5. Култура
- институционална и финансиска поддршка на културните установи и проекти од значење за градот Скопје;
- негување на фолклорот, обичаите, старите занаети и слични културни вредности;
- организирање културни манифестации; поттикнување на разновидни специфични форми на творештво и
- одбележување на настани и личности од значење за градот Скопје;
6. Образование
- основање, финансирање и учество со свои претставници во органите на управувањето на јавните средни училишта на подрачјето на градот Скопје, во согласност со закон;
- именување директори на јавните средни училишта и на ученичките домови, во согласност со закон и
- организирање превоз, исхрана и сместување на ученици во ученичките домови, во согласност со закон.
7. Спорт
- обезбедување услови за развој на квалитетен спорт во градот Скопје;
- организирање, поттикнување и помагање спортски манифестации и приредби од значење за градот Скопје и
- изградба и одржување на спортски објекти од значење за градот Скопје.
8. Социјална и детска заштита
- остварување на социјална грижа за инвалидни лица, деца без родители и родителска грижа, деца со воспитно-социјални проблеми, деца со посебни потреби, деца од еднородителски семејства, деца на улица, лица изложени на социјален ризик, лица засегнати со злоупотреба на дрога и алкохол, подигање на свеста на населението, домување на лица со социјален ризик;
- сопственост, управување, основање, финансирање и одржување на јавните установи-домови за стари лица,во согласност со закон;
- сопственост, управување, основање, финансирање и одржување на јавните установи- детски одморалишта, во согласност со закон и
- учество со свои претставници во органите на управување во јавните установи за деца – детски градинки, на подрачјето на градот Скопје, во согласност со закон.
9. Здравствена заштита
- учество во управувањето со мрежата на јавните здравствени установи и објектите за примарна здравствена заштита од значење за градот Скопје;
- преземање мерки за заштита на здравјето на работниците и заштита при работа;
- здравствено воспитување; унапредување на здравјето; превентивни активности;
- здравствен надзор над животната средина и над заразните болести и
- помош на пациенти со специјални потреби.
10. Заштита и спасување
- координација на активностите за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра од воени разурнувања, елементарни непогоди и други несреќи и од последиците предизвикани од нив.
11. Противпожарна заштита
- противпожарна заштита на подрачјето на градот Скопје.
12. Надзор
- надзор над вршењето на работите од надлежност на градот Скопје.