Информации

Агенција за катастар на недвижности на РМ
Бесплатен телефонски број: 0800 80 800
Генерална дирекција Ул.Трифун Хаџијанев бр.4, 1000 Скопје
Тел:+389 (2) 3204 800
Факс:+389 (2) 3171 668
е-пошта: office@katastar.gov.mk; info@katastar.gov.mk

Постапка за издавање на имотен лист

За да докажете дека сте сопственик на одреден недвижен имот (земјиште, куќа, стан, деловен простор…), морате да имате имотен лист во кој е запишан вашиот недвижен имот.

  • Имотниот лист е јавна исправа со која се докажува запишаното право на сопственост и други стварни права на недвижностите во согласност со закон.

Имотен лист се издава во катастарски одделенија каде што е востановен Катастар на недвижности. Освен на шалтерите на катастарските одделенија, граѓаните можат да побараат издавање на имотен лист во најбллиската општина, нотаска канцеларија или канцеларија на приватните геодетски фирми.

Имотниот лист содржи податоци за:

  • катастарските парцели,
  • зградите и посебните делови од зградите и други објекти,
  • носителите на правата на недвижностите,
  • правото на сопственост и други стварни права на недвижностите,
  • како и други права чие запишување е утврдено со закон,
  • правната основа на запишување,
  • висината на побарувањето што се обезбедува со заложното право,
  • предбележувања и прибележувања.

Опис на постапката

Доколку сакате да извадите имотен лист за имотот што го поседувате и што е запишан во катастарот на недвижности, потребно е да се обратите на шалтерот за прием во катастарското одделение надлежно за територијата на која се наоѓа недвижноста и да приложите:

  • доказ за платен надоместок за услугата од 180 денари.

Уплатата  може да се врши на шалтерот во Катастарот со платежна картичка на ПОС терминал или на уплатница (образец ПП 50) во банка или во пошта:  

Дополнителни информации

Ако имате некоја поплака околу незаконското работење на одредени службеници во Катастарот, но и да се информирате до каде е постапката за Вашиот предмет, обратете се на бесплатниот телефонски број 0800 80 800.