Информации

Институт за акредитација на РМ
„Васил Главинов“ бб
Поштенски бр. 1000 Скопје
Тел:+389(2) 3293 080
Факс:+389(2) 3293 089

Институт за акредитација на РМ

„Акредитација“ е потврдување од страна на националното тело за акредитација дека определено тело за оцена на сообразноста ги задоволува барањата предвидени со хармонизираните национални стандарди и каде што тоа е применливо, сите дополнителни барања, вклучително и оние предвидени во релевантните секторски шеми за акредитација, потребни за вршење на специфична дејност за оцена на сообразност.

Институтот ги врши следниве работи и задачи:

Акредитација на:

  • лаборатории за тестирање и калибрација,
  •  тела кои вршат сертификација на производи,
  • тела кои вршат сертификација на системи за управување (со квалитетот, со животната средина, со безбедноста, со сигурноста и друго),
  • тела кои вршат сертификација на лица,
  • тела кои вршат инспекција и
  • други тела за оцена на сообразност;
  • учествува во работата на европските и меѓународните организации за акредитација и ги застапува интересите на Република Македонија во нив;
  • дава мислења на државните органи за прашања кои се однесуваат на акредитацијата и дава мислења за одобренија за оспособеноста за спроведување на постапката за оцена на сообразноста и
  • врши оценување на компетентноста на телата за оцена на сообразноста, вклучувајќи го и надзорот на исполнетоста на барањата за телата кои вршат оцена на сообразноста според дадена регулатива.