Информации

Надлежен орган: Министерство за внатрешни работи на РМ
Подрачни единици на МВР на територија на РМ
Подрачна единица на МВР Скопје: ул. „Кеј Димитар Влахов“ бб, 1000 Скопје, во зградата на МТВ со влез од страната на Реката Вардар
Бесплатно телефонско закажување на: 0800 192 92 и 072 929 292
Централа МВР: 3117-222
Сектор за внатрешни работи – Скопје 3322 998
Работно време на шалтерите: од понеделник до петок, од 7:30 до 20:30 ч.

Издавање на инструкторска возачка дозвола

 

За издавање на инструкторска возачка дозвола барателот е должен лично да достави барање до секторот за внатрешни работи на Министерството за внатрешни работи според местото на неговото живеалиште.

Возачот-инструктор го поднесува барањето за инструкторска возачка дозвола при следните постапки:

1. Издавање на дозвола за возач-инструктор за прв пат;
2. Замена на дозволата за возач-инструктор поради дотраеност или оштетеност;
3. Замена на дозволата за возач-инструктор поради истек на рокот за важење;
4. Замена на дозволата за возач-инструктор поради заверка на нова категорија;
5. Замена на дозволата за возач-инструктор поради промена на лични податоци на возачот-инструктор;
6. Издавање на дупликат дозвола за возач-инструктор.

Кон барањето се приложуваат следните документи:

– важечка лична карта на увид;
– диплома/уверение за завршено специјалистичко образование за занимање возач-инструктор (за постапките означени со број 1 и 4);
– уверение за здравствена и психофизичка способност на кандидат за возач-инструктор (за постапките означени со број 1, 3 и 4);
– фотографија 3,5 X 4,5 см;
– писмена изјава од возачот-инструктор за изгубена или украдена или оштетена инструкторска возачка дозвола (за постапката означена со број 6);
– доказ за извршена промена на лични податоци или важечка лична карта (за постапката означена со број 5);
– уплатница на износ од 280,00 денари за издавање на инструкторска возачка дозвола
– уплатница на износ од 220,00 денари административна такса.

Наведените износи може да се уплатат и со картичка преку ПОС-терминал директно на шалтерите при Секторот за внатрешни работи, во моментот на поднесување на документите.

Рокот за изготвување на инструкторска возачка дозвола е 15 дена од денот на доставување на барањето заедно со неопходните документи.

Во инструкторската возачка дозвола задолжително се впишуваат категориите на возила за кои кандидатот има положено испити за возач-инструктор.