Информации

Комисија за заштита на конкуренцијата
Ул. „Мито Хаџи-Василев Јасмин“ бр.50
(6-ти спрат)
Тел:
+389 (2) 3298 666
Факс:
+389 (2) 3296 466
еmail:
kzk@kzk.gov.mk
web:
http://www.kzk.gov.mk

Комисија за заштита на конкуренцијата

Комисијата е самостоен државен орган со својство на правно лице, независна во своето работење и во донесувањето на одлуките во рамките на надлежностите определени со Законот. Комисијата е составена од Претседател и четири члена кои ги именува и разрешува Собранието на Република Македонија, за период од пет години со право на повторно именување.

 Основни надлежности на Комисијата за заштита на конкуренцијата се да ја контролира примената на одредбите и прописите донесени врз основа на Законот за заштита на конкуренцијата, да ги следи и анализира состојбите на пазарот до степен потребен за развој на слободна и ефикасна конкуренција, да води постапки и да донесува одлуки согласно одредбите од Законот.