Информации

Комисија за заштита од дискриминација
Бул. „Гоце Делчев“ бб
(20ти спрат во зградата на МРТВ)
Тел:
+389(2) 3232-242
email:
contact@kzd.mk web:
www.kzd.mk

Комисија за заштита од дискриминација

Комисијата за заштита од дискриминација е самостоен и независен орган која работи во согласност со надлежностите утврдени со закон.
Надлежности на Комисијата за заштита од дискриминација
  1. постапува по претставки, дава мислење и препораки за конкретните случаи на дискриминација;
  2. на подносителот на претставката му дава информации за неговите права и можности за покренување на судска или друга постапка за заштита;
  3. покренува иницијатива за поведување на постапка пред надлежните органи поради сторени повреди на овој закон;
  4. поднесува годишен извештај до Собранието на Република Македонија;
  5. ја информира јавноста со случаите на дискриминација и превзема активности за промоција и едукација на еднаквоста, човековите права и недискриминација;
  6. го следи спроведувањето на овој закон, иницира измена на прописи заради спроведување и унапредување на заштитата од дискриминација;
  7. воспоставува соработка со органите надлежни за остварување на еднаквост и заштита на човековите права во локалната самоуправа;
  8. дава препораки на државните органи за преземање на мерки за остварување на еднаквоста;
  9. дава мислења по предлози на закони од значење за заштита од дискриминација;
  10. прибира статистички и други податоци, формира бази на податоци, спроведува студии, истражувања и обуки во врска со дискриминацијата;
  11. соработува со соодветни национални тела на други држави, како и со меѓународни организации на полето на заштита од дискриминација и
  12. донесува деловник за работа и други акти за внатрешна организација на работата.